Македонија

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ВЧЕРА БЕШЕ НАЈТЕЖОК ДЕН ВО СЕЗОНАТА НА ПОЖАРИ: Огнот се приближуваше до куќи

Стојанче Ангелов вели дека вчера бил најтежок ден во сезоната на пожари. Регистрирани биле над 40 пожари, а огнот се приближувал до куќи.

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ВЧЕРА БЕШЕ НАЈТЕЖОК ДЕН ВО СЕЗОНАТА НА ПОЖАРИ: Огнот се приближуваше до куќи

Повеќе од 40 пожари за еден ден

Вчерашниот ден бил најтежок во досегашната сезона на пожари, оцени директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во текот на денот биле регистрирани повеќе од 40 пожари на отворен простор, при што најдраматична била состојбата во Богомила и во пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани. На овие локации огнот се приближил опасно близу до куќите, но благодарение на брзата реакција на жителите, пожарникарите и тимовите на ДЗС биле спречени поголеми последици.

Во Лознани огнот бил на 50 метри од куќите

Особено критично било во Лознани, каде пожарот се движел низ високата сува трева на само педесетина метри од куќите. Во гаснењето биле ангажирани четири возила „Пинцгауер“, локални пожарникари и 20 припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Во пожарот бил повреден и еден жител, кој поради изгореници на дланките бил пренесен во болница.