Регион
Дознај прв
НАТО СОБОРИ ДРОН НАД ЛЕТОНИЈА: Русија повторно во центарот на инцидентот, аларм и во Финска
НАТО собори дрон кој навлегол во воздушниот простор на Летонија. Русија е повторно во центарот на инцидентот, а аларм е прогласен и во Финска.

Дрон навлегол во воздушниот простор
НАТО-авиони утрово собориле дрон што навлегол во воздушниот простор на Летонија, во близина на градот Балви, соопштија летонските вооружени сили. Според летонските власти, леталото навлегло во воздушниот простор како последица на руско електронско војување. По инцидентот биле активирани борбени авиони од мисијата на НАТО за патролирање над балтичките држави, кои го пресретнале и собориле дронот. Во повеќе региони биле издадени предупредувања за можна опасност од воздух, но тие биле укинати околу 4:50 часот. Засега нема информации за жртви, а не е познато ниту каде паднале остатоците од дронот.
Аларм и во Финска
Во исто време, и Финска презела дополнителни мерки и привремено ограничила дел од воздушниот и поморскиот сообраќај во источниот дел на Финскиот Залив поради можна опасност од дронови. Инцидентот се случува по украинските напади со дронови врз подрачјето на Санкт Петербург, каде руските власти соопштија дека биле пресретнати повеќе од 50 беспилотни летала. Новите инциденти ги засилуваат стравувањата дека војната со беспилотни летала може сè почесто да се прелее надвор од територијата на Украина. Истрагата за соборениот дрон над Летонија е во тек.
