Македонија
Дознај прв
МИЦКОСКИ ОДГОВОРИ НА ПРОВОКАЦИИТЕ НА ВУЧИЌ: Не сакам да коментирам изјави кои наликуваат на изблици од минатиот век

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кои предизвикаа реакции во јавноста. Мицкоски порача дека не сака да коментира изјави кои, како што оцени, наликуваат на „изблици од минатиот век“.
Тој со ова се осврна на ставовите на Вучиќ во однос на актуелните политички случувања и односите во регионот. Мицкоски нагласи дека неговиот став е Македонија да гради добрососедски односи и да гледа кон иднината. Тој додаде дека политичарите треба да се фокусираат на современите предизвици, наместо на реторика која потсетува на минатото. Изјавата на Мицкоски следува по последните јавни настапи на Вучиќ и неговите пораки поврзани со Македонија дека цркавата во Белград и Скопје е иста.
Освен Мицкоски, реагираше и МПЦ-ОА. Погледнете ја нивната изјава:
МПЦ-ОА МУ ОДГОВОРИ НА ВУЧИЌ: „Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите“
