Македонија
Дознај прв
СКОПЈЕ ОСТАНУВА БЕЗ ЗНАЧАЈНИ АВИОЛИНИИ: По Франкфурт, се укинува и линијата до Париз Орли, а линијата кон Варшава ќе биде само сезонска

Меѓународниот аеродром Скопје останува без уште две значајни директни авиолинии, откако во претстојниот зимски распоред нема да се оперира линијата до Варшава, а се укинува и линијата до Париз Орли, пренесува Локално.
Според информациите од ТАВ Македонија, LOT Polish Airlines нема да ја оперира линијата Скопје–Варшава во зимскиот распоред, со што таа практично станува сезонска. Истовремено, easyJet ја укинува линијата Скопје–Париз до аеродромот Орли. Овие промени следуваат откако претходно годинава Lufthansa ја прекина директната линија Скопје–Франкфурт.
Lufthansa Group соопшти дека патниците од Франкфурт кон Скопје ќе бидат пренасочувани преку Виена. Со тоа, во релативно краток период Скопје ја загуби директната поврзаност со Франкфурт и Париз Орли, додека линијата со Варшава од редовна преминува во сезонска.
View this post on Instagram
