Хроника

324 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СОЛУН: Од Македонија тргнал камион со хартија кон Турција, но завршил во Грција

324 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СОЛУН: Од Македонија тргнал камион со хартија кон Турција, но завршил во Грција

Во Солун биле запленети 324 килограми и 474 грама марихуана, а во рамките на акцијата „Вардарис“ биле уапсени еден македонски и еден косовски државјанин.

Според Обвинителството, шемата започнала кон крајот на февруари, кога осомничениот набавил товарно возило, а на почетокот на март и приколка. Тој потоа организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Македонија кон Турција преку Бугарија. На 8 март, откако ги завршил царинските формалности, со камионот и приколката ја напуштил Македонија кон Бугарија, но наместо да продолжи кон Турција, се упатил кон Грција и возилото го оставил на изнајмен затворен плац во Солун. Таму бил договорен понатамошниот транспорт на дрогата, која од 11 до 14 август била сокриена во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија.

На 14 август грчката полиција ја пронашла оваа марихуана во Солун во осум палети – четири во задниот дел од приколката и уште четири пред нив. Во Македонија е отворена истрага против осомничениот за организирање на транспортот, а Основниот кривичен суд Скопје му определил 30-дневен притвор.