Хроника

(ВИДЕО) ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО КОЧАНИ: Шест лица се тепале пред полициска станица, четворица приведени

(ВИДЕО) ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО КОЧАНИ: Шест лица се тепале пред полициска станица, четворица приведени
Групна физичка пресметка се случила во Кочани, во непосредна близина на полициската станица, во која учествувале вкупно шест лица. Според МВР, настанот се случил на 15 август околу 19:15 часот на улицата „Тодосија Паунов“, по претходна расправија. Полициски службеници ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од селото Баница, струмичко.
По преземените мерки и документирањето на случајот, против приведените биле поднесени соодветни поднесоци. МВР најави дополнителна проверка на целиот настан, како и на евентуални пропусти при полициското постапување. Во проверката ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.
Погледнете го видеото од целата групна тепачка во Кочани: