Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ЦЕНТРАЛНА МАНИФЕСТАЦИЈА: Се прославува Денот на АРМ

Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска се одржува централната свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ на која присуствува највисокиот воен и државен врв. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На свеченоста присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, генерали во Армијата, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот на Армијата, пензионирани генерали, претставници од локалната самоуправа, претставници на организации со кои соработува Армијата и други гости.
