Хроника
Дознај прв
ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: четири починати, 38 случаи регистрирани во Македонија
Во Македонија се регистрирани 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 потврдени и два веројатни. Четири лица починале од невроинвазивна форма.

треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 се во скопскиот регион, а еден случај е регистриран во Велес. Регистрирани се и четири смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна форма на болеста, сите мажи на возраст од 62 до 83 години од Скопје. Кај тројца од починатите биле регистрирани и други здравствени состојби. Во периодот од 12 до 18 август биле пријавени 12 нови случаи, меѓу кои и три смртни исходи. Од вкупниот број заболени, 28 се мажи, а 10 се жени.
Засилени мерки против комарците
По прогласувањето епидемија во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел, надлежните продолжуваат со мерки за контрола на комарците и дезинсекција. Спроведени се повеќе циклуси на третман, вклучително и интервенции на стоечки водени површини во засегнатите подрачја, а започната е и масовна СМС-кампања за информирање на граѓаните. Надлежните апелираат граѓаните да ја отстрануваат стоечката вода, да користат заштитни мрежи и репеленти и да избегнуваат престој на отворено во зори и самрак. Од Министерството за здравство информираат дека досега нема регистрирани деца со западнонилска треска, додека еден од заболените е на возраст меѓу 20 и 29 години.
