Магазин
Дознај прв
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ КОЕ ОВОШЈЕ Е НАЈДОБРО ЗА ХИДРАТАЦИЈА? Не е лубеницата, туку намирница која често ја сметаме за зеленчук
Содржат речиси 95 отсто вода и се одличен избор за хидратација во топлите летни денови, благодарение и на високото количество калиум.

Доматите содржат речиси 95 отсто вода
Во жешките летни денови, освен водата, и одредени намирници можат значително да придонесат за хидратацијата на организмот. Иако лубеницата најчесто се поврзува со освежување и внес на течности, доматот е ботанички овошје и содржи речиси 95 отсто вода. Покрај високата содржина на вода, доматите се богати и со калиум, електролит кој има важна улога во одржувањето на рамнотежата на течностите во организмот. Токму комбинацијата од вода и калиум ги прави доматите одличен додаток во исхраната во топлите денови.
Како да ги внесете во исхраната
Доматите лесно можат да се додадат во секојдневните оброци, без разлика дали ќе ги јадете свежи во салата, на тост или како дел од главно јадење. Сепак, тие не се замена за водата, која останува најважна за правилна хидратација, особено при високи температури и физичка активност. Експертите препорачуваат редовно внесување течности и ограничување на алкохолот, кој може дополнително да придонесе за губење течности.
