Македонија

РЕКОРДНА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: За пет месеци собрани над 31 милион евра, за 355.600 евра повеќе од истиот период лани

РЕКОРДНА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: За пет месеци собрани над 31 милион евра, за 355.600 евра повеќе од истиот период лани

Од почетокот на годинава до крајот на јуни, од наплата на патарини во Македонија се инкасирани 1.919.775.277 денари, односно околу 31,2 милиони евра. Тоа е за 21.891.532 денари, или околу 355.600 евра, повеќе во споредба со истиот период минатата година. Најфреквентна наплатна станица е Тетово, а по неа следуваат Петровец, Романовце и Глумово.

Според собраните средства и цената на билетите, најголеми приходи има Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец и Глумово. Електронската наплата учествува со 36 проценти во вкупната наплата на 11 наплатни станици каде што е воведена. Од мај годинава м-таговите се достапни и во продажната мрежа на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“. Лани од наплата на патарини, заклучно со 23 декември, бил остварен промет од 4.158.914.362 денари, односно 67.624.624 евра.

Повеќе може да прочитате ТУКА.