Македонија

МИЦКОСКИ: За две години БДП порасна за 120 милиони евра повеќе, пред три години бевме на дното во регионот

МИЦКОСКИ: За две години БДП порасна за 120 милиони евра повеќе, пред три години бевме на дното во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ бруто-домашниот производ пораснал за 120 милиони евра повеќе. Одговарајќи на новинарско прашање пред средбата на Амбасадорскиот совет, Мицкоски рече дека пред три години земјава била убедливо на дното во регионот. Според него, сега Македонија е на прво или второ место во регионот според растот на БДП.

Мицкоски посочи дека направил споредба на неколку клучни економски параметри, меѓу кои јавниот долг и бруто-домашниот производ. Тој рече дека БДП ја покажува силината на економијата на една држава, додека јавниот долг покажува колку средства се позајмени и вложени за создавање подобри економски резултати. Според споредбата што ја направи, за три пати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе во однос на шестгодишниот период на претходната влада.

„Значи за 120 милиони евра повеќе бруто-домашниот производ за овие две години е поголем отколку за претходните шест од претходната влада“, рече Мицкоски.