Венко Филипче упати критики кон целата платформа „12.05“ на чело со Игор Ивановски – Шема, Андреј Петров, но најмногу кон актуелната пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска. Лидерот на СДСМ праша која е причината Петровска токму сега да го критикува актуелното раководство на партијата.
„Да не е изјавата на Мисајловски, да потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптерите, за која комисијата донела друга одлука“, праша Филипче.
Тој рече дека претходното раководство „ја погребаа партијата за малку“ и дека партијата била „на издишување“. Филипче додаде дека актуелното раководство во изминатите две години работи на консолидирање на партијата и праша кога критичарите ќе кажуваат како треба да се работи. Тој ги повика, доколку сакаат вистински да ѝ помогнат на партијата, да се вклучат во изборите во Брвеница.
„Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги изгазам како шлепер жаба“, рече Филипче.
Погледнете го исечокот: