Македонија
Дознај прв
МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ДО БРУЦОШИТЕ: Каде и да одите вратете се дома, вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им се обрати на бруцошите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, по повод почетокот на академската 2026/2027 година. Тој им порача да стекнуваат знаење, да патуваат и да го запознаваат светот, но никогаш да не ја забораваат својата татковина.
Мицкоски сподели дел од своето студентско искуство и рече дека без разлика каде одел, неговата водилка секогаш била Македонија. „Каде и да одев, се враќав назад и знаев дека тука ќе го формирам моето семејство и тука ќе го продолжам мојот живот“, порача Мицкоски. Тој им порача на студентите да не веруваат во идеализираната слика за животот што често се прикажува на социјалните мрежи. Според него, вистинскиот живот е борбата за семејството и за родената земја, Македонија.
На крајот, Мицкоски им посака успешни студентски години исполнети со знаење, учење и нови пријателства.
