Хроника

(ВИДЕО) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР „АСНОМ“: Моторџија и автомобил се судрија, граѓаните сведочат за вознемирувачки сцени

(ВИДЕО) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР „АСНОМ“: Моторџија и автомобил се судрија, граѓаните сведочат за вознемирувачки сцени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 22 часот на булеварот „АСНОМ“ во Општина Аеродром, во која учествувале мотоцикл и патничко возило. Од она што може да се забележи на терен, автомобилот се движел во правец од хотел „Русија“ кон „Хилтон“. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и Итна медицинска помош. Граѓани за редакцијата на 24часа сведочат за вознемирувачки сцени, а неофицијално во сообраќајката има и повредени лица. Засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот од страна на надлежните служби.