Македонија

ПРОМЕНЛИВО И ТОПЛО ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо и топло време денеска со температури до 38 степени. Попладне на места се очекуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

ПРОМЕНЛИВО И ТОПЛО ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на места ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекува невреме проследено со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во текот на денот повремено ќе засилува.

Температурите до 38 степени

Утринските температури ќе се движат од 13 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 38 степени. Најтопло ќе биде во источните и југоисточните делови од земјата, каде температурата ќе достигне до 38 степени.

Во Скопје топло, попладне можен дожд

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се искачи до околу 38 степени.

ОЗНАКИ: МЕТЕО