Македонија
Дознај прв
УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА ДЕНЕСКА НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА: Се очекуваат попусти до 15 отсто
Владата денеска треба да ја донесе одлуката за „училишната кошничка“, со која се очекуваат попусти до 15 отсто на училишниот прибор.

Владата денеска на редовната седница треба да ја разгледа и донесе одлуката за формирање на овогодишната „училишна кошничка“. Мерката има цел да им ги намали трошоците на родителите пред почетокот на новата учебна година. Според најавите од Министерството за економија и труд, се очекуваат попусти до 15 отсто на основниот училишен прибор.
Ќе бидат опфатени ранци, тетратки и прибор
Мерката ќе ги опфати најчесто купуваните училишни материјали, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери и блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование. Кошничките треба да бидат јасно означени и поставени на видно место во продавниците, со наведениот состав и цените на производите.
Целта е да се намали товарот за семејствата
Од Владата очекуваат мерката да им помогне на семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат. Минатите две години „училишната кошничка“ се применуваше до 15 септември, со ограничени маржи и пониски цени на училишниот прибор.
