Регион
Дознај прв
ТРОТИНЕТИТЕ ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА: За два месеци откриени 965 прекршоци низ Македонија
МВР за период од 18 мај до 31 јули откри 965 прекршоци со електрични тротинети, од кои 519 се за непрописно движење по пешачки

Министерството за внатрешни работи за два и пол месеци спроведе засилени контроли на возачите на електрични тротинети на целата територија на државата. Во периодот од 18 мај до 31 јули 2026 година биле констатирани вкупно 965 прекршоци, за кои се преземени соодветни мерки и санкции. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на непрописно движење и возење по површини наменети за пешаци.
Најчесто возеле по тротоари и пешачки површини
Од вкупниот број прекршоци, дури 519 се однесуваат на возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента. Најмногу прекршоци се регистрирани на подрачјето на СВР Битола – 443, по што следуваат Струмица со 112, Скопје со 90 и Тетово со 86. Дополнително, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот констатирала уште 39 прекршоци.
МВР најавува продолжување на контролите
Контроли имало и на подрачјата на СВР Велес, Охрид, Куманово и Штип, каде биле регистрирани 73, 59, 45 и 18 прекршоци. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Од полицијата апелираат до возачите на електрични тротинети да ги почитуваат правилата и да не ја загрозуваат безбедноста на пешаците и останатите учесници.МВР за период од 18 мај до 31 јули откри 965 прекршоци со електрични тротинети, од кои 519 се за непрописно движење по пешачки
