Македонија
Дознај прв
Температурите повторно ќе „удрат“: Продолжениот викенд носи пеколна жештина
Продолжениот викенд носи температури до 39 степени во Македонија. УХМР најавува многу топло време и висок УВ индекс во петок, сабота и недела.

Во петок и сабота температурите до 39 степени
Продолжениот викенд во Македонија ќе помине во знак на многу топло време, со температури кои во петок и сабота ќе се приближат до 40 степени. Според прогнозата на УХМР, во петок ќе биде сончево и многу жешко, со максимална температура до 39 степени, додека чувството на топлина ќе достигне околу 40 степени. УВ индексот ќе биде висок, со вредност 7, па се препорачува особено внимание при престој на отворено. Во сабота се очекуваат до 38 степени, со претежно облачно, но спарно и многу топло време.
Во недела мало заладување
Во недела температурите ќе се намалат, но и понатаму ќе останат високи, со максимални 36 степени и чувство на топлина до 38 степени. Во текот на сите три дена УВ индексот ќе биде висок, поради што се советува избегнување директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот. Граѓаните се предупредуваат да внесуваат доволно течности и да посветат особено внимание на децата, повозрасните и хронично болните лица поради ризикот од дехидрација и топлотен удар.
