Скопје

(ФОТО) „СМЕНИВ ЧЕТИРИ ГУМИ ЗА ДВА ДЕНА”: Велосипедисти се жалат на трнчиња низ Скопје поради што сè повеќе се дупнуваат гуми

(ФОТО) „СМЕНИВ ЧЕТИРИ ГУМИ ЗА ДВА ДЕНА”: Велосипедисти се жалат на трнчиња низ Скопје поради што сè повеќе се дупнуваат гуми

Сè повеќе велосипедисти во Скопје се жалат на дупнати гуми, а како една од причините се посочуваат трнчињата кои остануваат по тротоарите. По косењето на тревата, искосената трева често останува расфрлана и не се собира, што дополнително го отежнува движењето на велосипедистите.

„Сменив четири гуми за два дена“, сведочи анонимен граѓанин за 24часа.

Сликата е од сервис за велосипеди во Автокоманда, каде што е забележан голем број на велосипеди со дупнати гуми.

Сликата е од Автокоманда - „Сменив четири гуми за два дена“, сведочи граѓанин
Сликата е од Автокоманда – „Сменив четири гуми за два дена“, сведочи граѓанин

Велосипедистите велат дека трнчињата се сè почест проблем, особено на местата каде што тревата е искосена, но не е исчистена. Тие апелираат искосената трева да се собира по косењето за да се намали ризикот од дупнување на гумите. Дупнатите гуми им создаваат дополнителен проблем на граѓаните кои секојдневно користат велосипед низ Скопје.

Погледнете ја нашата објава на Инстаграм каде се разви и дебата во коментари: