Македонија
Дознај прв
Сонце, но попладне можнo e да има невреме: Времето денес носи дожд, грмежи и засилен ветер
Денес времето ќе биде сончево и топло, но попладне на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сончево и топло во поголем дел од земјава
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од северен правец. Температурите ќе се движат од 31 до 39 степени, зависно од регионот.
Во Скопје топло со променлив ветер
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне околу 38 степени. Граѓаните во попладневните часови треба да бидат внимателни поради можноста за локална нестабилност.
