Македонија

Мицкоски од Осоговскиот манастир со порака: Да го чуваме духовното и културното наследство

Премиерот Христијан Мицкоски го посети Осоговскиот манастир и повика на зачувување на духовното и културното наследство.

Мицкоски од Осоговскиот манастир со порака: Да го чуваме духовното и културното наследство

Христијан Мицкоски присуствуваше на божествена литургија

Премиерот Христијан Мицкоски го посети манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде присуствуваше на Божествена литургија по повод претпразненството на Успението на Пресвета Богородица. Литургијата ја отслужи митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, во присуство на голем број верници. По богослужбата, Мицкоски упати порака за значењето на македонските свети места, традицијата и одговорноста кон идните генерации. Тој нагласи дека светите места се потсетник на вредностите што ги обединуваат граѓаните – верата, достоинството и почитта кон минатото.

Тридневно чествување во манастирот

Посетата на премиерот се одржа во рамки на тридневната духовна програма посветена на Успението на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски. На 28 и 29 август во манастирот се одржуваат повеќе богослужби, а празнувањето традиционално собира голем број верници од земјата и странство. Мицкоски повика да се зачува наследството оставено од претходните генерации и да се пренесе на идните поколенија.