Македонија
Дознај прв
Во носии и оро во Гари: Младите ја чуваат традицијата на Мијачијата
Младите од Гари во традиционални носии со песна и оро го одбележаа празникот Успение на Пресвета Богородица.

Празникот ги собра сите генерации
Во Гари, во срцето на Мијачијата, традицијата и годинава оживеа во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица. Голем број млади се вклучија во празничното одбележување, облекувајќи ги традиционалните носии на своите предци. Со песна, музика и оро, тие покажаа дека старите обичаи и понатаму имаат свое место меѓу новите генерации.
Носиите и орото ја споија младоста со старите обичаи
Празничната атмосфера продолжила на Средсело, каде заедно заиграле младите и повозрасните жители. Во истото оро се споиле повеќе генерации, од оние кои традицијата ја паметат од детството до младите кои денес ја продолжуваат. Годинешното празнување уште еднаш покажа дека во Гари наследството не се чува само како спомен, туку се живее преку носијата, песната, музиката и орото.