Економија

ДИЗЕЛОТ КОНЕЧНО ПОЕВТИНУВА: Еве колку би можела да падне цената од вторник

Дизелот во Македонија би можел конечно да поевтини. Берзанските движења отвораат можност Еуродизелот да падне под 100 денари за литар, односно околу 2 денари поевтино од сега.

ДИЗЕЛОТ КОНЕЧНО ПОЕВТИНУВА: Еве колку би можела да падне цената од вторник

Дизелот конечно поевтинува според берзанските движења

По значителното поскапување на горивата оваа недела, најновите движења на светските берзи укажуваат дека следната корекција би можела да биде надолу. Цената на Брент нафтата падна на околу 89 долари за барел, додека WTI бележи пад од околу 4,3 отсто во однос на минатиот петок. Дополнително, европските фјучерси за гасно масло, кои се важен показател за цената на дизелот, се поевтиниле за повеќе од пет отсто.

Дизелот би можел да се врати под 100 денари

Според актуелните берзански показатели, постои простор дизелот да поевтини за околу 1,5 до 2 денари за литар. Тоа би значело дека Еуродизелот од сегашните 101,50 денари би можел да падне на околу 99,50 до 100 денари за литар. Станува збор за проценка, а не за официјална пресметка на Регулаторната комисија за енергетика, која новите цени ги утврдува во понеделник и ги применува од вторник во 00:01 часот, пренесе Прес24.