Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) БЛАТЕЦ ГИ СОБОРИ СИТЕ РЕКОРДИ: Повеќе од 1000 луѓе на настапот на Гавазова за Богородица

Вечерва Блатец е центарот на источна Македонија. Редакцијата на 24часа на терен. Големиот македонски празник се слави во Блатец, виничко со сите салтанати. На настапот на Сузана Гавазова присуствуваа многу повеќе од 1000 луѓе, а местото ги собра присутните како во ,,старите добри времиња”. Шоу за памтење, погледнете дел од атмосфератата во Блатец на Гавазова:
View this post on Instagram
Инаку, денеска е голем македонски празник. Во источна Македонија особено се слави со многу манифестации.
Денес се празнува Голема Богородица – 28 август
По повод празникот, верниците посетуваат цркви и манастири, каде што се одржуваат богослужби и се упатуваат молитви. Голема Богородица традиционално се одбележува во повеќе места низ земјава, со собирања на верници и црковни свечености. Празникот е познат и како еден од најзначајните денови посветени на Богородица во православната традиција.
