Регион

(ВИДЕО) СРБИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВА ЕРА: Отворена првата фабрика за хуманоидни роботи во Европа

Во Шабац е отворена фабрика за хуманоидни роботи, а Србија планира производство на до 20.000 роботи и роботски кучиња годишно.

(ВИДЕО) СРБИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВА ЕРА: Отворена првата фабрика за хуманоидни роботи во Европа

Во Шабац денеска е отворена фабрика за производство на хуманоидни роботи на кинеската компанија „Минт“, што српскиот претседател Александар Вучиќ го оцени како историски чекор за земјата. Во првата фаза инвестицијата изнесува 20 милиони евра, а во следниот период е планиран и индустриски парк за роботика во Инѓија, со инвестиција од 200 милиони евра.

До 20.000 роботи годишно

По завршувањето на проектот, планираниот производствен капацитет ќе достигне до 20.000 хуманоидни роботи и роботски кучиња годишно, наменети за европскиот и светскиот пазар. Во фабриката во Шабац во почетната фаза ќе работат околу 200 луѓе, а компанијата најавува дополнително проширување.

Роботи и за српската армија

Вучиќ истакна дека роботите ќе имаат широка примена – од индустријата и здравството до помош на стари лица, а развојот ќе се поврзува со вештачка интелигенција, суперкомпјутери и центри за податоци. Тој откри и дека Србија веќе има роботи во својата армија и најави дека наскоро јавноста ќе може да види вооружени роботски кучиња во акција. Србија со овој проект сака да се позиционира како еден од европските центри за производство и развој на хуманоидна роботика.