Колумни

Стоп за увозот на ризични мигранти поради „евтина работна сила“

Колумна на Никола Николовски - Боемот

Стоп за увозот на ризични мигранти поради „евтина работна сила“

Стоп за увозот на ризични мигранти поради „евтина работна сила“

Европа повеќе не е Европа каква што ја знаеме. Репрезентативен примерок за Европа веќе не се Томас и Петра, туку Мухамед и Фатима. Популарната германска шницла или кари-вурст сега е заменета со донер или шаурма. Затоа веќе и губам волја да патувам во Западна Европа. Кога ќе видам бездомници, ѓубре и матни ликови што те гледаат на криво повеќе се осеќам дека сум во Пакистан отколку Германија. Ова најмногу го осетив на своја кожа кога бев да го посетам Париз пред неколку месеци. Исто беше и во Келн и Франкфурт.

Ова не е проблем само на Западна Европа. Иста песна во Загреб, а слични промени се забележуваат и во Белград – од доставувачи на храна до работници на големи инфраструктурни проекти, сè почесто се увезува работна сила од трети земји. Овој тренд последниве години се приближува и кон Македонија.

Денешната вест од Скопје, каде што тројца мигранти од Судан беа уапсени по напад врз 27-годишен жител на Кисела Вода со цел грабеж, е аларм дека безбедноста мора да биде приоритет. Од она што ми го пишавте, напаѓачите биле повеќемина, а само тројца биле фатени.

Јас разбирам дека трендот не може да нѐ избегне и нам, но МОЖЕМЕ БАРЕМ КОЛКУ-ТОЛКУ ДА ГО СПРЕЧИМЕ. Ова не е од вчера, трендов е присутен низ Македонија со години, проблеми со дојденци се случуваат, но некако со години се ставаат „под радарот“. Мене ме плаши тоа дека ако би биле повеќе дојденциве тогаш би реагирале посамоуверено и тек тогаш ќе имаме проблеми, сега сѐ уште се плашат.

Затоа време е за строги и рестриктивни политики за увоз на работници од трети земји. Неконтролираниот прилив на неквалификувана работна сила може да создаде дополнителна несигурност, а интеграцијата во мала и чувствителна средина како нашата ќе биде сериозен предизвик. Па, затоа… Да не дозволиме дојденци да ни ги диктираат правилата. Да покажеме слога во заштита на јавниот ред и безбедноста. Стоп за увозот на ризични мигранти поради „евтина работна сила“!

Боемот 2.0

P.s. Ве молам без срцепарателни објави како „и тие се луѓе“, „само бегаат од војна“ и слично. Не! Тоа не се бегалци, туку економски мигранти. Има гооолема разлика.