Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) Скопјани се сеќаваат на хитовите на Владо Јаневски
Во чест на Владо Јаневски – се одржа собир на пријатели, фанови и соработници пред арената „Борис Трајковски“

Во чест на Владо Јаневски – се одржа собир на пријатели, фанови и соработници пред арената „Борис Трајковски“
Со почеток во 20:00 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ се одржи собир во чест на Владо Јаневски, на кој се собраа неговите пријатели, фанови, соработници и сите оние кои пораснаа со неговата музика.
Беше обезбедена музика со неговите најпознати песни, свеќи и сè што е потребно за достоинствено и емотивно оддавање почит.
Се оддаваше почит на Владо Јаневски со песна, тишина и светлината од свеќите, да испратат порака дека големите уметници никогаш не се забораваат.
