Спорт

МЕСИ СТАНУВА ГАЗДА НА УШТЕ ЕДЕН КЛУБ: Дали е дозволено да поседува два тима во Шпанија?

Лионел Меси сака да купи уште еден клуб во Шпанија. Што вели законот и дали може да биде сопственик на два фудбалски клуба?

МЕСИ СТАНУВА ГАЗДА НА УШТЕ ЕДЕН КЛУБ: Дали е дозволено да поседува два тима во Шпанија?

Лионел Меси гради своја фудбалска мрежа

Лионел Меси продолжува да го шири своето влијание во шпанскиот фудбал, откако откако во април го презеде четвртолигашот УЕ Корнела, сега постигнал принципиелен договор за купување на второлигашот ЦД Елденсе. Сепак, ваквиот потег отвора прашање дали аргентинската ѕвезда може легално да биде сопственик на два клуба во Шпанија. Според шпанскиот Закон за спорт, дозволено е поседување удели во повеќе клубови, но постојат строги ограничувања кога станува збор за клубови кои се натпреваруваат во иста професионална категорија. Удел од најмалку пет проценти се смета за значаен, додека за стекнување 25 или повеќе проценти е потребна претходна дозвола од Високиот спортски совет.

Проблем би настанал ако клубовите се најдат во иста лига

Доколку Корнела и Елденсе се најдат во исто професионално натпреварување, Меси би морал да го намали уделот во едниот клуб под пет проценти или да го продаде. Целта на ваквите правила е да се спречат судири на интереси и евентуално влијание врз регуларноста на натпреварувањето. Во моментов, бидејќи клубовите се во различни категории, повеќекратното сопствеништво не претставува ист правен проблем. Шпанските правила се построги од оние на УЕФА, која под одредени услови дозволува сопствеништво над повеќе клубови.