Македонија

(ВИДЕО) ОГАН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО ПАТАРИНАТА: Пожар кај Свети Николе, пожарникарите итно се упатуваат на терен

(ВИДЕО) ОГАН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО ПАТАРИНАТА: Пожар кај Свети Николе, пожарникарите итно се упатуваат на терен

Оган се приближува до патарината

Според видео испратено од читател на 24часа, кој во моментот се движи по автопатот, избувнал пожар во близина на патарината кај Свети Николе. На снимката се гледа како огнот се шири во непосредна близина на патарината. Пожарните возила се упатуваат кон локацијата за да интервенираат и да го локализираат пожарот.

Пожарникарите на терен

Доколку не се интервенира навреме, постои опасност огнот да се прошири и да ја зафати патарината. Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот. Дополнителни информации за состојбата на терен се очекуваат по интервенцијата на пожарникарите.

Оган се приближува до патарината, а веќе има пожарникари кои се упатуваат кон местото.

Жан Митрев