Македонија

Денес е Положување на појасот на Пресвета Богородица – жените обавезно да го направат следново

Денеска се одбележува Полагањето на чесниот појас на Пресвета Богородица. Празникот е посветен на молитвата, верата и Божјата заштита.

Денес е Положување на појасот на Пресвета Богородица – жените обавезно да го направат следново

Пресвета Богородица со посебно значење

Денеска православните верници го одбележуваат празникот Полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица, посветен на една од најпочитуваните светињи во православната традиција. Според црковното предание, појасот бил предаден на апостолот Тома по Успението на Богородица, а низ вековите станал симбол на нејзината заштита и застапништво. Празникот особено се поврзува со молитвата за здравје, семејна благосостојба и Божја помош. Верниците на овој ден се упатуваат кон молитва и духовно преиспитување.

Посебна порака до жените

Во народната и верската традиција постојат различни обичаи поврзани со празникот, особено меѓу жените. Се советува денот да се помине во молитва, со запалена свеќа и благодарност кон Пресвета Богородица, наместо празникот да се сфаќа само како обичај или суеверие. За верниците, суштината на празникот е во верата, молитвата и духовното приближување кон Бога.

Жан Митрев