Дознај прв
(ВИДЕО) ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СОБРАНИЕТО: Еве како „гласаа“ учениците од основните училишта
Во Собранието вчера беше одбележан Денот на демократијата. Ученици од основни училишта симболично „гласаа“ и се запознаа со демократските вредности.

Во Собранието вчера беше одбележан Меѓународниот ден на демократијата, при што во законодавниот дом гостуваа ученици од повеќе основни училишта. Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со работата на Парламентот, демократските вредности и значењето на различните мислења. Во полната собраниска сала беа упатени пораки дека демократијата се учи и практикува уште од најрана возраст, преку слушање на другите и заедничко носење одлуки.
Учениците „гласаа“ во Собранието
На учениците им беше прикажано едукативното видео „Како Шари стана пратеник?“, по што и самите добија можност симболично да „гласаат“ дали им се допаднал материјалот. Тие ги кажаа своите мислења и се вклучија во симулација на парламентарна дебата „за“ и „против“.
Демократијата се учи од најрана возраст
На настанот беше истакнато дека демократијата подразбира почитување на различните ставови, соработка и учество во носењето одлуки. Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски порача дека децата можат да практикуваат демократија и во училиштето, преку заедничко одлучување и почитување на мислењата на другите. На одбележувањето присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.
View this post on Instagram

