Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари

Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите

(ВИДЕО) Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари

Мицкоски: Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите, порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите во споредба со тоа како било претходно.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период, истакна дека уште кога биле опозиција, јасно ветиле дека ќе сторат сè што може во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери.

– Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување – рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение.