Свет
Дознај прв
КОНГРЕСОТ НА САД ИЗГЛАСА ПОСТРОГИ САНКЦИИ: Новиот закон носи поголем економски притисок врз Русија
Конгресот на САД изгласа нов закон со построги санкции и царини насочени кон Русија, нејзината енергетика и одбранбена индустрија.

Законот сега оди кај Трамп на потпис
Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласа „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон со нови санкции и царини насочени кон зголемување на економскиот притисок врз Русија поради војната во Украина. Со тоа, по Сенатот, и Претставничкиот дом го одобри законскиот пакет, кој сега е испратен кај претседателот Доналд Трамп на потпис. Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон таканаречената „флота во сенка“ од танкери. Предвидено е и Трамп да добие овластување за воведување високи царини за Кина, Индија и други земји доколку продолжат да зависат од руската нафта и гас. За законот гласаа и десетици демократи кои се приклучија на мнозинството републиканци. Мерките се дел од пошироките напори на Вашингтон за зголемување на економскиот притисок врз Москва и поддршка на Украина. Законот, исто така, предвидува продолжување на санкциите кон Иран.
САД со насочени мерки кон руската енергетика
Новиот пакет предвидува санкции кон клучни сегменти од руската економија, особено енергетскиот и одбранбениот сектор. Во фокусот е и ограничувањето на приходите од извозот на нафта и гас, преку мерки насочени кон земјите кои продолжуваат да купуваат руски енергенси.
