Скопје

НОВА ВОНРЕДНА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР: Акцијата почнува во понеделник

Општина Центар во понеделник спроведува нова вонредна дератизација поради зголемено присуство на глодари. Акцијата ќе опфати ризични точки.

НОВА ВОНРЕДНА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО ЦЕНТАР: Акцијата почнува во понеделник

Општина Центар во понеделник ќе спроведе нова вонредна дератизација на подрачјето на општината, откако претходната ваква акција била реализирана пред само еден месец.

Ќе се третираат ризични точки во Центар

Од Општината информираат дека од почетокот на годината е спроведена редовна пролетна дератизација, како и две вонредни акции на локации каде што било забележано зголемено присуство на глодари. При новата акција ќе се третираат шахти, простори околу контејнерите и други ризични точки каде што е забележано или пријавено присуство на глодари.

Герасимовски: Неопходно е да се отстранат причините

Градоначалникот Горан Герасимовски посочува дека дератизацијата сама по себе не е доволна за трајно решавање на проблемот. Тој како сериозен проблем ги посочува нередовното чистење на контејнерите и натрупувањето отпад, а апелира граѓаните да ги одржуваат дворовите, подрумите и заедничките простории и отпадот да не го оставаат на несоодветни места. Од Општина Центар најавуваат дека од октомври ќе следува и редовната есенска дератизација.