Спорт

РОНАЛДО ПРОДОЛЖУВА ДА ИГРА ЗА ПОРТУГАЛИЈА: Новиот селектор го повика за Лигата на нации

Кристијано Роналдо е повикан во составот на Португалија за претстојните натпревари во Лигата на нации под водство на новиот селектор Жорже Жезус.

РОНАЛДО ПРОДОЛЖУВА ДА ИГРА ЗА ПОРТУГАЛИЈА: Новиот селектор го повика за Лигата на нации

Иднината во репрезентацијата сепак продолжува

Кристијано Роналдо ќе продолжи да настапува за репрезентацијата на Португалија, откако новиот селектор Жорже Жезус го вклучи во првиот состав откако ја презеде функцијата. 41-годишниот напаѓач се најде меѓу 25-те фудбалери повикани за претстојните натпревари во Лигата на нации. Роналдо претходно потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде негово последно, но не најави веднаш крај на репрезентативната кариера. Со новиот повик, тој продолжува да биде дел од националниот тим и во новиот циклус.

Португалија ја очекуваат натпревари со Велс, Норвешка и Данска

Жезус порача дека местото на Роналдо во тимот нема да биде загарантирано само поради неговото име и досегашните достигнувања. Според селекторот, изборот ќе зависи од формата и перформансите на секој фудбалер, иако призна дека Роналдо има посебен статус поради својата кариера. Португалија на 24 септември ќе игра против Велс, а потоа следуваат натпревари со Норвешка и Данска. Роналдо во дресот на Португалија има 233 настапи и е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.