Скопје

БРТ ЌЕ СЕ ГРАДИ БЕЗ УНИШТУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО: Ѓорѓиевски најави нов концепт

Орце Ѓорѓиевски најави нов концепт за БРТ во Скопје со кој ќе се задржи средишното зеленило, а автобусите ќе се движат од двете страни.

БРТ ЌЕ СЕ ГРАДИ БЕЗ УНИШТУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО: Ѓорѓиевски најави нов концепт

Автобусите ќе се движат од двете страни

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е пронајдено функционално решение за проектот за брз автобуски превоз (БРТ), со кое ќе се задржи средишното зеленило. Наместо зеленилото да се отстранува за изградба на трасата, предвидено е автобусите да се движат од левата и десната страна. Со промената на концептот, според Ѓорѓиевски, ќе се задржи постојното средишно зеленило и ќе се додадат уште две траси.

Првата фаза од БРТ веќе е започната

Ѓорѓиевски информираше дека веќе е започната првата фаза за инфраструктурното поврзување меѓу Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Првите градежни активности се очекуваат во втората половина од следната година. Втората фаза ќе опфаќа набавка на околу 40 нови еколошки автобуси, а според најавите, проектот треба да овозможи ново инфраструктурно поврзување низ Скопје.