Македонија
Дознај прв
ТРАГЕДИЈА НА ШАР ПЛАНИНА: Пронајдено безживотно тело на над 2.500 метри надморска височина

Безживотно тело е пронајдено денеска на Шар Планина, на над 2.500 метри надморска височина. Од СВР Тетово потврдуваат дека телото било пронајдено по пријава од граѓани околу 14:30 часот. Околу 17:30 часот, телото со полициски хеликоптер било пренесено од планината до Тетово.
Според неофицијални информации, станува збор за планинар-алпинист на околу 70 години од тетовско Џепчиште. Од СВР Тетово најавуваат повеќе детали за случајот во текот на утрешниот ден.
