Хроника
Дознај прв
ЧЕТВОРИЦА ОД ТЕТОВСКО ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТЕШКИ КРАЖБИ: Штетата проценета на 250 илјади евра
Четворица од Тетовско се осомничени за серија тешки кражби во Боговиње. Украдени се пари, злато, оружје и сеф тежок 400 килограми.

Осомничени летворица од Тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени за серија тешки кражби во повеќе села на подрачјето на Општина Боговиње. Според првичните проценки, причинетата материјална штета изнесува околу 15 милиони денари, односно 250 илјади евра. Осомничените, според Обвинителството, дејствувале во периодот од април до септември годинава, а мета им биле повеќе од 10 куќи. Од домовите биле одземани пари, златен накит и огнено оружје за кое сопствениците поседувале дозволи.
Украден и сеф тежок 400 килограми
Еден од најнеобичните случаи се случил во тетовското село Палчиште, каде осомничените од дом на оштетен граѓанин успеале да изнесат метален сеф тежок дури 400 килограми. За двајца од осомничените судот определил краткотраен притвор од 48 часа, додека другите двајца се во бегство и полицијата трага по нив. Четворицата се гонат за продолжено кривично дело „Тешка кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик. Истрагата продолжува за целосно расчистување на случаите и утврдување дали групата е поврзана и со други слични кражби во тетовскиот регион.
