Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРИШТИНА ГОРИ: „УЧК“ и „Не во мое име“ одекнуваа синоќа и утрово

Приштина повторно е во знакот на протести против првостепените пресуди на Специјализираните совети во Хаг за поранешните лидери на УЧК. Синоќа, на плоштадот „Скендербег“, илјадници граѓани се собраа на шестиот последователен протест, каде одекнуваа скандирањата „УЧК“ и „Не во мое име“, а беа запалени и факели.
Денеска, протестите продолжија со нов собир во центарот на Приштина, со што реакциите против пресудите продолжуваат и втор ден по ред. Протестите следуваат по пресудите против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.
На синоќешниот собир биле истакнати знамиња и транспаренти поврзани со УЧК, а денешниот протест повторно привлече голем број граѓани. Снимките од двата собири покажуваат дека протестите продолжуваат да го привлекуваат вниманието во косовската престолнина.
View this post on Instagram
