Македонија

ЈСП ВОВЕДУВА ДИГИТАЛНА СТУДЕНТСКА КАРТИЧКА: Бесплатниот јавен превоз ќе се користи со QR-код

ЈСП Скопје воведува дигитална студентска картичка за бесплатен јавен превоз, која ќе се активира преку SkopjeBus и ќе се користи со QR-код.

ЈСП ВОВЕДУВА ДИГИТАЛНА СТУДЕНТСКА КАРТИЧКА: Бесплатниот јавен превоз ќе се користи со QR-код

Студентите нема да одат на билетарници

ЈСП Скопје, со поддршка од Град Скопје и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, воведува дигитална студентска превозна картичка за користење на бесплатниот јавен превоз. Новото решение ќе важи за студентите на државните универзитети во Скопје, вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“. Процесот ќе се одвива целосно дигитално, преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Тоа значи дека студентите нема да треба да доставуваат хартиени потврди или да ги посетуваат билетарниците за заверка на студентскиот статус.

ЈСП Картичка ќе биде на апликација SkopjeBus

Студентите ќе добијат упатства на своите електронски адреси, а картичката ќе можат да ја активираат и користат преку мобилната апликација SkopjeBus. При најавувањето ќе треба да ја користат истата е-mail адреса со која се регистрирани на универзитетот. Дигиталната картичка ќе биде достапна во форма на QR-код, кој ќе се користи за валидација при патување. Од ЈСП најавија дека студентите дополнително и навремено ќе бидат информирани за начинот на активирање и користење на картичката.