Македонија
Дознај прв
Нови осум службени лица опфатени со пријава за трагедијата во Кочани – „Пулс“ работел без инспекциски надзор со години
Полицијата поднесе кривична пријава против осум службени лица од Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека не извршувале надзор врз дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Уште осум службени лица од Државниот инспекторат за труд се опфатени со кривична пријава во врска со трагедијата во Кочани, поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“.
Според информациите од Одделението за внатрешни работи Кочани, станува збор за лица вработени во Државниот инспекторат за труд, за кои постои сомнение дека со несовесно работење во службата овозможиле објектот со години да функционира без соодветен инспекциски надзор.
Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство Кочани и ги опфаќа С.Ш.С. (53) од Македонски Брод, С.Ѓ. (59) од Скопје, како и З.М. (64), С.З. (61), Т.К. (42), Н.Д. (43), Г.П. (41) и М.З.С. (44) од Кочани. Тие се сомничат за кривичното дело „несовесно работење во службата“.
Во пријавата се наведува дека во периодот од 2022 година до 16 март 2025 година, осомничените не спровеле ниту една инспекциска контрола, иако за тоа имале законска обврска.
Полицијата посочува дека пропустите овозможиле дискотеката „Пулс“ да продолжи со работа без контрола, со што е остварена и противправна имотна корист во износ од 1.255.977 денари.
