Македонија
Дознај прв
СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ БЛЕСНА ВО ПОЛН СЈАЈ: Пуштен во употреба по темелната реконструкција

Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје е пуштен во употреба по темелната реконструкција. Објектот доби ново и модернизирано уредување, со подобрени услови за престој на студентите. Реконструкцијата опфати повеќе делови од домот, со цел подобрување на условите за живеење и престој.
Премиерот Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ порача дека обновувањето на студентските и ученичките домови е процес кој, како што рече, со децении не бил направен, додавајќи дека Владата ги решава приоритетите еден по еден. Со обновата, студентите повторно ги користат просториите во целосно реконструираниот објект.
Пуштањето во употреба е дел од активностите за подобрување на студентскиот стандард и условите во студентските домови. Тие посочуваат дека реконструираниот дом треба да обезбеди поквалитетни услови за студентите.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата:
View this post on Instagram
