Македонија

(ВИДЕО) ДВОГЛАВИОТ ОРЕЛ ПОВТОРНО НА КОРАБ: Отстрането македонското знаме

(ВИДЕО) ДВОГЛАВИОТ ОРЕЛ ПОВТОРНО НА КОРАБ: Отстрането македонското знаме
Според денешната објава на порталот „Коха“, двоглавиот орел повторно е поставен на врвот Кораб, а македонското знаме кое во меѓувреме беше поставено на локацијата е отстрането. На порталот се објавени и снимки од локацијата, со наводи дека орелот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет. Случајот започна откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од голем метален двоглав орел на врвот, каде што претходно биле забележани и албанско знаме и симбол на УЧК. По реакциите во јавноста, МВР соопшти дека го проверува случајот, а според тогашните информации, обележјето било поставено од другата страна на врвот Кораб, односно надвор од територијата на Македонија.
Неколку дена подоцна орелот беше отстранет, а на неговото место повторно се појави македонското знаме. На повторното отстранување на орелот реагираше и Федерацијата на Албанија за планинарство и планински туризам, која побара истрага и негово враќање. Сега, според новите снимки објавени од „Коха“, орелот повторно е поставен и направен со спреј, додека македонското знаме повторно е тргнато од локацијата.