Македонија
Дознај прв
СТУДЕНО УТРО, СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН: температурите до 28 степени
Студено утро, но сончев и релативно топол ден во Македонија. Температурите ќе достигнат до 28 степени, а од четврток се очекува промена.

Утрото во Македонија ќе биде ведро и студено, но во текот на денот се очекува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 20 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со минимална температура до 3 степени и максимална до 26 степени.
До среда студени утра и сончеви периоди
Во следните денови времето ќе остане релативно топло, а до среда утрата ќе бидат ведри и студени, со сончеви периоди во текот на денот. Температурите во попладневните часови ќе останат над просекот за овој период од годината.
Од четврток се очекува промена на времето
Од четврток се очекува зголемување на облачноста, а локално ќе има услови за дожд. Истовремено, утринските температури ќе бидат во пораст, што ќе означи постепена промена на временските услови.
