Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) РУСИЈА ВОВЕДУВА ПРОВЕРКИ: Патниците од Иркутск се проверуваат поради страв од белодробна чума!?

Вознемиреност во рускиот Иркутск предизвика смртта на 28-годишна работничка во Институтот за борба против чума. По случајот, околу 200 лица кои биле во контакт со неа се ставени под медицински надзор, а во повеќе болници се воведени карантински мерки. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија тврдења дека се преземаат дополнителни мерки и дека патниците од Иркутск се проверуваат по пристигнувањето во Москва поради сомнежи за можно ширење на белодробна чума.
View this post on Instagram
Сепак, овие тврдења засега не се официјално потврдени. Руските здравствени власти соопштија дека жената починала од пневмонија со непозната причина и дека досега нема потврда дека станува збор за чума. Како и да е, неспорно е дека владее вознемиреност во рускиот Иркутск.
Извор: Visegrad24
