Македонија
Дознај прв
МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЧАМОВА УТРЕ ВО СОФИЈА: потврдена средбата меѓу шефовите на дипломатиите
Потврдена е утрешната средба на Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова во Софија, во рамки на конференцијата за Коридорот 8.

Средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова утре ќе се одржи во Софија. Бугарското Министерство за надворешни работи испратило официјален одговор на барањето за билатерална средба, потврди премиерот Христијан Мицкоски. Средбата ќе се одржи во рамки на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8. Форматот и начинот на одржување дополнително ќе бидат договорени од домаќинот.
Македонија со јасни пораки за дијалог
Мицкоски порача дека македонската страна на средбата ќе настапи со јасна позиција за добрососедски односи и дијалог. Целта, според него, е да се најде решение што ќе овозможи Македонија што побрзо да продолжи кон членство во Европската Унија.
Средбата предизвика реакции во опозицијата
Од СДСМ велат дека немаат големи очекувања од средбата и сметаат дека не е потребно повторно да се разговара за преговарачката рамка. Мицкоски, пак, ги отфрли критиките од опозицијата и порача дека дијалогот е неопходен за надминување на актуелната состојба.
