Македонија

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) СТОПИРА СООБРАЌАЈ И ГЛУМИ ПОЛИЦАЕЦ: Лице со албанско знаме во рака го „регулира“ скопскиот сообраќај

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) СТОПИРА СООБРАЌАЈ И ГЛУМИ ПОЛИЦАЕЦ: Лице со албанско знаме во рака го „регулира“ скопскиот сообраќај

На булеварот „Војвода Васил Чакаларов“, кај населбата Нерези во Скопје, лице со албанско знаме во рака го стопира сообраќајот. На видеото се гледа како лицето застанува на коловозот и со гестови ги насочува возилата.

Со своето однесување остава впечаток дека ја презема улогата на лице кое го регулира сообраќајот. Не е познато дали има какво било овластување за тоа. Случајот предизвика реакции кај граѓаните кои го забележале однесувањето. Инцидентот се случува на една од сообраќајниците во скопската населба Нерези.