Регион

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАЌА БАЛКАНОТ: се очекуваат над 200 литри дожд и поплави

Балканот го очекува силно невреме со обилни врнежи, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат над 200 литри дожд, а и Македонија ќе биде погодена.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАЌА БАЛКАНОТ: се очекуваат над 200 литри дожд и поплави

Продор на студен воздух од северозападот на Европа ќе услови формирање секундарен циклонски систем над Џенова, кој од четврток, а особено во петок и во текот на викендот, ќе донесе значителна промена на времето на Балканот. Се очекуваат обилни врнежи, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и силни невремиња и град.

Најголеми количества дожд на Јадранот

Особено обилни врнежи се прогнозираат долж Јадранското приморје, во југозападните делови на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. На овие подрачја локално се очекуваат од 90 до 150 литри дожд на квадратен метар, а на места количеството може да надмине и 200 литри. Поради интензивните врнежи постои опасност од поројни поплави, а на Јадранот се можни и пијавици или торнада.

И Македонија под закана од невреме

Во Македонија исто така ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните предели, каде локално може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Се очекува нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме. И покрај промената, температурите во Македонија во текот на викендот ќе останат релативно високи.

ОЗНАКИ: МЕТЕО