Хроника
Дознај прв
БЕЗБЕДЕН ГРАД СЕ ПРОШИРУВА: Еве од кога е и во Охрид
Системот „Безбеден град“ од 12 октомври започнува со работа во Охрид. МВР најавува засилена сообраќајна контрола и откривање прекршоци.

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од понеделник, 12 октомври, започнува со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Камерите ќе бидат активирани по завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања. Со ова, системот за автоматско следење на сообраќајот го проширува опфатот и во охридскиот регион.
КАМЕРИТЕ ЌЕ ОТКРИВААТ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ
Од МВР посочуваат дека активирањето на системот треба да овозможи засилена и континуирана контрола на сообраќајот. Целта е навремено откривање на прекршоците, зголемување на сообраќајната дисциплина и подобрување на безбедноста на патиштата.
МВР СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите. Одговорното однесување зад воланот, како што наведуваат од МВР, е важно за поголема безбедност на патиштата.
