Македонија
Дознај прв
ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ НОВ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Еве кога повторно ќе одмараат граѓаните
Граѓаните ги очекува нов продолжен викенд од 23 до 25 октомври, по Денот на македонската револуционерна борба.

По продолжениот викенд за Денот на народното востание – 11 Октомври, граѓаните ги очекува уште една можност за тридневен одмор. На 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден за сите граѓани. Така, со саботата и неделата, следува уште еден продолжен викенд, од 23 до 25 октомври.
До крајот на октомври уште еден продолжен одмор
Празникот 11 Октомври годинава се падна во недела, па и понеделник, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани. Само 11 дена подоцна, повторно ќе има можност за одмор без користење денови од годишниот одмор.
Кој е последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година?
По октомвриските празници, следува уште 8 декември, вторник, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“. За припадниците на католичката вероисповед, неработен е и 25 декември, Божиќ.
